RADIO MIX

Skopj

Free Shoutcast HostingRadio Stream Hosting

FREE ZONE ФЕСТИВАЛ, ПО ВТОР ПАТ

ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ


Оваа година “Free Zone“ фестивалот прави традиција на своето одржување со тоа што се случува втора година по ред во Општина Аеродром.

Годинава ќе се одржи на 7-ми септември ( недела ), под мостот Близнак во Општина Аеродром.

“Free Zone” се предвидува да започне во 21:00 часот и да трае се’ до 05:00 часот наутро.

Фестивалот е од јавен карактер, отворен за сите посетители, без влезна карта. Жанровски е поделен на Хип Хоп, Рок и Денс музика.

Настапуваат: DJ Че(Хип Хоп), Аналогното дуо Future INC, Европски познатиот DJ Nick Kapa, Марко Logout и главниот артист Бора Чорба од Рибља Чорба кој вечерта ќе одржи концерт пред сите посетители.

Со поддршка од Општина Аеродром и оваа година, минатата на овој “Free Zone” Фестивал настапија Слаткаристика, Тајзи, Газда Паја, Ареа, Морал, Марко Logout и Георги Шарески со DJ Маци.

Еве како помина првиот “Free Zone” Фестивал, а ние се гледаме на 7ми, на овогодинешниот!

Линк: https://www.youtube.com/watch?v=NACUanM6Ssw

СЛАТКАРИСТИКА

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НОВИОТ СПОТ

ЗА ПЕСНАТА ДИМИ ЏАМ


Најавениот видео запис за новата песна на Слаткаристика “Дими Џам” од вчера вечерта е поставен на неговиот You tube канал.

Интересна музика и комбинација на артисти, на оваа песна Слаткаристика за прв пат соработува со Ферус Мустафов и Тајзи.

Новиот спот за “Дими џам” е во продукција на Иноватива Груп и режија на Владимир Дади Ивановски.


Погледнете го:

https://www.youtube.com/watch?v=kWnWtk0iY-M

ПРВИ МУЗИЧКИ ИМИЊА НА СИГЕТ 2014!

Тимот на Сигет го има задоволството да ги објави првите потврдени изведувачи на Островот на слободата кој ќе се одржи од 11 до 18 август 2014. Queens of the Stone Age, Calvin Harris, Placebo и многу други ова лето ќе бидат на островот Обудаи во срцето на Будимпешта.

Оваа година Островот на слободата ќе се одржи една недела подоцна од вообичаеното. Кароли Герендаи (Károly Gerendai), основачот и главниот организатор на Сигет фестивал, изјави: „Се чини дека го направивме вистинскиот потег што го поместивме датумот на случувањата; сега имаме можност во програмата да вклучиме и многу поголеми имиња во споредба со минатата година едноставно затоа што тоа е периодот кога се поголеми шансите тие да бидат на турнеја во Европа.”

Сигет и оваа година повторно беше во тесниот избор на 10 најдобри големи фестивали во Европа. Како и секогаш така и оваа година во програмата ќе бидат вклучени најразлични музички жанрови, а ќе бидат застапени и големи и помали, но сепак одлични музички изведувачи.
Првите потврдени имиња оваа година се…

Queens of the Stone Age, легендарниот рок бенд од Палм Десерт, Калифорнија.
Лидер на групата е харизматичниот пејачи и гитарист Josh Homme, добитник на Греми наградата. Нивниот последен албум од 2013 ,,...Like Clockwork”  има фантастична листа соработници меѓу кои и Joey Castillo (поранешниот тапанар), Mark Lanegan (поранешен член, а денес редовен соработник) и Trent Reznor  од Nine Inch Nails. Оваа година дефинитвно ќе растурат на Сигет фестивал.

Calvin Harris е едно од најголемите музички имиња на електронската сцена денес. Огромен е бројот на првокласни денс хитови кои се поврзани со името на овој пејач, автор, продуцент и диџеј од Шкотска. Неговите мастер дела не само што им се познати на сите, туку се и 100% хитови на сите забави, а се продуцирани во соработка со најголемите музички имиња. Популарноста му порасна и со објавувањето на неговиот најнов, трет по ред албум ,,18 Months”.

Placebo  уживаат во постојан раст на нивната популарност во светот токму поради уникатниот спој на одлична музика и одличен лајв перформанс. Нивната мрачна мелодија придружена од инстант препознатливиот вокал на Brian Molko’s е еден од најјаките рок брендови на изминатата декада. Мината година го објавија нивниот седми по ред студуски албум ,,Loud Like Love“.

Американскиот алтернативен рок бенд Imagine Dragons, стануваат сè поуспешни на музичката сцена. Не само што имаат свој уникатен звук, туку и креираат свој сопствен свет  на романтична атмосфера благодарејќи на страста и професионализмот на членовите. Оваа година ја освоија наградата ,,Најдобри нови ѕвезди” (‘Newcomer of the Year’) доделена од страна на European Festival Awards.

Bastille од Лондон се едни од најпознатите алтернативни рок бендови денес.  Бендот започна како соло проект на пејачот и автор Dan Smith, но подоцна порасна во квартет. Нивниот деби албум ,,Bad Blood" објавен мината година, наиде на одличен прием кај публиката. Нивниот најголем хит досега ,,Pompeii” и секако целокупното шоу се меѓу нештата што не смеат да се пропуштат на Сигет.

Stromae, белгискиот кантавтор со харизматичен карактер, создава музика спој на електроника, хип-хоп, еуроденс и традиционални африкански звуци! Не самошто е навистина популарен туку и има освоено голем број значајни музички награди.  Досега има објавено два албума, а на неговите синглови, како на пример Alors on danse или Papaoutai, танцуваат милиони ширум светот.

Британскиот инди бенд Klaxons на публиката и презентира нешто навистина посебно и уникатно. Нивната музика е мешавина на пост-панк, поп и психоделичен рокенрол.  Последниот албум ,,Surfing the Void”  имаше огромен успех, а се надеваме дека Сигетанците оваа година ќе имаат можност да уживаат и во песните од нивниот најавен нов албум.

Free Shoutcast HostingRadio Stream Hosting

 Информатор

   The Official UK Top 40 Singles Chart                      24th August 2014

Sava Kovacevic 16

Subscribe To My Website

  • Subscribing allows you to get site updates. Your email address will be kept private.